Уметност изгорена во дрво.
Пирографија — рачни и ласерски/CNC изработки на дрво и камен. Слики за дома, и персонализирани подароци и брендинг за фирми, испратени каде и да сте во светот.
Слики за продажба
Секоја слика е уникатна — рачно изгорена со пирограф, со различни димензии и видови дрво (бука, даб, бреза). Понекогаш додавам акрилни бои за акцент.
„Волк во шума"
„Македонски пејзаж"
„Кругови во оган"
„Портрет по фотографија"
„Линии на ритам"
Персонализирани подароци и брендинг
Изработка со ЦНЦ ласер машина и рачна пирографија — за бизниси, настани и специјални пригоди. Лого, имиња и пораки гравирани на дрво, камен, шишиња и кутии.
Декорации за новородени
Гравирани плочки со име, датум, тежина и висина — спомен за првите моменти.
Брендирани шишиња и кутии
Лого и име на фирма гравирани на дрвени кутии и шишиња — одлично за подароци, промоции и корпоративни настани.
Годишнини и јубилеи
Подароци за 10, 25, 50 години — со датум, имиња и порака по ваша желба, на дрво или камен.
Резба на камен
Имиња, датуми и мотиви гравирани на природен камен — за надгробни плочи, споменбелези и декорација.
ЦНЦ ласер + рачна изработка
Прецизни ласерски ситни детали комбинирани со рачна пирографија за топлина и текстура.
...и многу повеќе
Имате идеја? Испратете ни ја — секаков мотив, текст или мерка е возможен по нарачка.
Раката, оганот и дрвото
Јас сум уметник кој работи со техника пирографија — цртам со специјални алатки чиј врв станува жежок и изгорувам слики директно на дрвото. Секоја работа е рачна, бавна и единствена — нема две идентични парчиња.
Користам различни видови дрво (бука, даб, бреза) и понекогаш додавам 1–2 акрилни бои за да истакнам детали. За подароци и фирми, комбинирам рачна работа со ЦНЦ ласер машина за прецизни логоа и текст.
— Пирографи-Арт, изработено со раце и оган во Северна Македонија
Испорачуваме насекаде
- Северна Македонија — 2–4 работни дена, преку курирска служба.
- Балкан и Европа — 5–10 работни дена. Цена на достава според тежина и дестинација.
- Останат свет — 7–21 работни дена, со трекинг број. Прифаќаме нарачки и од странство.
- Пакување — Секоја слика е заштитена со меки материјали и цврста кутија, безбедна за долг транспорт.
- Изработка по нарачка — Времето на изработка зависи од големина и комплексност, обично 5–15 дена.
Начини на плаќање
Безбедно плаќање со картичка или криптовалута.
Плаќањата со картица се обработуваат преку безбеден надворешен систем (Stripe / Viva Wallet). Опцијата за крипто плаќање е во подготовка.
Испратете барање за нарачка
Пополнете го формуларот подолу и ќе ве контактираме во рок од 24 часа со понуда и детали.